Културно-информативниот центар Романса од Македонска Каменица вечерва е домаќин на караванот на 33. Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“. Како што инфомираше Горан Огнановски, директорот на Домот на културата во Македонска Каменица, вечерва пред публиката, покрај домашните претставници, настап имале членови на културно-уметнички друштва и ансамбли од шест европски земји. - Настанот започна со традиционално дефиле на учесниците кои дојдоа овде од Молдавија, Хрватска, Литванија, Турција, Словенија и Бугарија, како и претставници на домашните играорни групи од Каменица и Истибања. Целовечерниот концерт се одржува во Домот на културата и мене ми претставува чест што присутните во салата можеа да ги видат учесниците на овој реномиран фестивал облечени во своите традиционални носии претставувајки се со традиционалните настапи карактеристични за своите земји, рече Огнановски. Според предвидената програма, караванот на реномираниот Меѓународен музички фестивал утре и задутре е во Виница каде на градскиот полоштад ќе се одржи популарниот „Танц на народите“. Фестивалот е во организација на фолклорниот ансамбл. “Китка“ од село Истибања, а под покровителство на општина Виница.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 20:33