Во општина Ѓорче Петров од денеска по до недела првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“, на која ќе настапат многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер артисти.
Покрај активностите на главната бина, информираат од Општината, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. Во недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.
Манифестацијата ќе се одржува во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата секој ден ќе почнува во 17:30 часот и ќе трае се до доцните вечерни часови.
Меѓудругите ќе настапат и Летечки пекинезери, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, Токсиколози, Бени и Нон Стоп, Куку Леле, Тони Зен, Ласт Експедишн, Мугер Фугер, мјузиклот Коштана, ПМГ Колектив, Милко,