Тенискиот судија Мохамед Лајани поради кршење на правилото за непристрасност доби суспензија од АТП и нема да може да суди на следните два турнира.
Лајани на натпреварот меѓу Ник Кирјос и Пјер Иго Ербер на Ју-Ес опен слезе од судиското столче и разговараше со австралискиот тенисер.
Кирјос имаше пад во играта и делуваше незаинтересирано, а судијата му даде неколку совети и почна да го бодри.
- Сакам да ти помогнам. Ова не си ти и јас го знам тоа. Ти играш одличен тенис, наведе тогаш Лајани.
Поради овој инцидент тој нема да може да суди на турнирот од серијата 500 во Пекинг и на мастерсот во Шангај.
Кирјос победи на натпреварот против Ербер, а скандалозното однесување на судијата предизвика бура од реакции во јавноста.