Северна и Јужна Кореја постигнаа договор да поднесат заедничка кандидатура за организирање на Олимписките игри во 2032 година.

Ова беше соопштено денеска по средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во Пјонгјанг.

Во соопштението се наведува дека двете земји по повеќедецениските тензии влегуваат во период на мир, а еден од чекорите кон подобрување на односите е и заедничката организација на овој голем спортски настан.

Воедно се наведува дека Северна и Јужна Кореја во иднина заеднички ќе учествуваат на меѓународните спортски натпревари, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Двете држави на почетокот на годинава на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг постигнаа договор да настапат со заеднички женски хокеарски тим, а на отворањето спортистите од двете Кореи продефилираа под заедничко знаме.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2018 17:08