Актуелниот најдобар тенисер во светот Рафаел Надал соопшти дека поради повредата на коленото нема да учествува на турнирите во Пекинг и Шангај.
Надал се повреди во полуфиналето на Ју-Ес опен и му го предаде натпреварот на аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.
- По прегледите во Барселона, одлучивме дека е најдобро да не учествувам на турнирите во Кина, соопшти Надал.
Шпанскиот тенисер требаше да ја брани титулата во Пекинг, а во финалето на мастерсот во Шангај беше поразен од Роже Федерер.