Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Демаркус Казинс изјави дека неговиот тим има квалитет да се приспособи и да одговори на секоја игра.

Казинс летово потпиша едногодишен договор со Голден Стејт вреден 5,3 милиони долари, но се уште заздравува од повредата на стапалото и ќе го пропушти тренинг кампот, па многумина се сомневаат како ќе се вклопи во новиот тим.

- Ова е тим на играчи со висока спортска интелегенција, сите ја разбираме играта и имаме слични карактеристики. Тоа е како да играте со пластелин, па можете да го обликувате како сакате, истакна 28-годишниот кошаркар.

Пред повредата Казинс настапуваше за Њу Орлеанс Пеликанс, каде на 48 натпревари во просек остваруваше по 25,2 поени и 12,9 скокови.

Во август тренерот Стив Кер изјави дека поради доаѓањето на Казинс нема да го менува брзиот стил на игра на Голден Стејт, но дека ќе воведе некои нови акции.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2018 20:59