Американската тенисерка Венус Вилијамс го откажа учеството на турнирот на тврда подлога во кинескиот град Вухан следната недела.
38-годишната Американка го освои трофејот на овој турнир во 2015 година.
- Разочарана сум што ќе го пропуштам ваков голем турнир. Во оваа фаза од кариерата, сепак треба да го слушам моето тело, а за жал понекогаш тоа значи да донесувам тешки решение како ова, изјави повозрасната од сестрите Вилијамс.
Се уште не се знае дали 21-та тенисерка во светот воопшто ќе учествува на некој од азиските турнири кои претстојат.
Истото важи и за нејзината сестра Серена, која ретко игра овој период од сезоната.