Американскиот кошаркар Леброн Џејмс ги засили Л.А. Лејкерс годинава, а веќе ја доби и својата прва филмска улога.
Играчот тргна по стапките на легендарниот Мајкл Џордан и ќе има главна улога во продолжението на филмот „Space Jam“. Режисер ќе биде Рајан Куглер.
Долгоочекуваното продолжение на филмот од 1996 година, во кој настапуваа Мајкл Џордан, Бил Мареј и низа ликови од цртаните филмови како Душко Долгоушко, Пајо Паторот и мачката Силвестер, сега е во фаза на претпродукција, а снимањето треба да започне во 2019 година, пишува „Холивуд репортер“.
- Соработката значи многу повеќе од мене и цртани ликови во еден филм. Сакам децата да разберат колку супериорно можат да се чувствуваат ако едноставно не се откажат од своите соништа, рече по тој повод Леброн Џејмс.