Македонската меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ прва влезе во НАТО, а првата награда што ја добивме во 2003 година е составен дел на нашата галерија, изјави за МИА раководителот на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, Коста Хаџиантоновски.

То вели дека незаборавна била средбата и приемот што во 2003 година го приредиле тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, и тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

- На ликовниот конкурс на НАТО ја освоивме првата награда која денес ја вбројуваме во највредните награди на студиото. Тема на ликовното дело кое го нацрта нашиот член Стефан Поповски беше „Македонска свадба“ и тоа предизвика голем интерес. Жалам што од здравствени причини вчеравечер не бев во можност да се сретнам и ракувам со Лорд Џорџ Робертсон кој кусо престојуваше во Битола, но знам дека Македонија итно треба да влезе во НАТО, изјави Хаџиантоновски, и дополни дека и пред НАТО самитот во Рига, на ликовен конкурс организиран од Алијансата, членовите на битолското студио добиле дури осум награди.

Во каталог на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ поместени се избрани фотографии од врачувањето на наградата и свечениот прием кој го организираа Трајковски и Робертсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 18:58