Македонската тенисерка Лина Ѓорческа беше елиминирана на силниот фјучерс турнир во Подгорица со награден фонд од 25.000 долари, од првата носителка Барбара Хас со 6-7 (4), 6-4, 6-2. Лина го доби првиот сет во тајбрејкот со 7:4, но Австријката направи целосен пресврт за конечен триумф по скоро три часа игра и се пласираше во четвртфиналето. Пласманот во второто коло ќе и донесат на Лина нови 5 поени во ВТА пласманот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 20:42