Михаил Јужни ја заврши кариерата со пораз и отпадна во вториот круг на турнирот на тврди терени во Санкт Петербург (Русија) со награден фонд 1,24 милиони долари. Претставникот на домаќините загуби од Роберто Баутиста Агут (Шпанија) со 6:7 (6), 6:3, 3:6 за два часа и 30 минути игра. Јужни, кој е шампион на турнирот од 2004 година, учествувале со „вајлд карт“. Вчера тој ја запиша 499-тата победа како професионалец по 7:6 (6), 6:4 над Мирза Башиќ (Босна и Херцеговина) во првиот круг. Триесет и шестгодишниот Јужни официјално објави по натпреварот против Агут дека става крај на својата 20-годишна кариера. Русинот има освоени 10 титули во сингл од турнирите на АТП, девет во двојки, а со Русија го освои „Дејвис купот“ во 2002 и 2006 година. Неговиот најдобар пласман во светската ранг-листа беше осми во јануари 2008 година.