Вечерва Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов се соочија првпат еден против друг пред дуелот меѓу себе, дел од УФЦ 229, кој ќе се одржи на 6 октомври. Двајцата одржаа прес-конференција, во која главна улога имаше Мекгрегор, кој речиси не му даде збор на својот противник. Тој го нарече Русинот „мртов човек“. - Со задоволство ќе ти ја скршам стаклената брадичка. Тој не победи апсолутно никого. Јас ќе го растргнам на парчиња и ќе го уништам. Тој е мртов човек. Подготвен сум за борба. Веќе ја замислувам неговата глава како отскокнува од земјата. Тој има стаклена брадичка. Јас сум подготвен за пет рунди, рече колоритниот Ирец.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 11:24