Во Детскиот ликовен центар на библиотека „Другарче“ во Кинотеката на Македонија беше отворена изложба од 12.ликовен-образовен камп „Васил Коџоман-2018“.

Изложени беа 33 цртежи, 33 отпечатени графики и 33 слики на каширано платно (техники: молив и графит на цртачка хартија, линорез и акрил и темпера).

Учесници на изложбата се млади творци од основните училишта во Република Македонија.

Традиционалната изложба е подржана од Министерството за култура, Кинотеката на Македонија и Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 21:20