Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја улога во продолжението на филмската хорор класика „Сјаење“ (The Shining), чиј работен наслов е „Doctor Sleep“.

Деталите за улогата на Гринвуд засега се чуваат во тајност, но се знае дека Јуан Мекгрегор ќе ја толкува главната улога - ликот на детето што во првиот дел, во хотелот го преживеа полудувањето на психотичниот татко убиец.

Сценариото и режијата се на Мајк Фленаган, а филмот е заснован на роман на Стивен Кинг.

Премиерата е првично најавена за 24 јануари 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 03:00