Најновото дело на Дејан Крстески, збирката раскази „Чист херион“ синоќа беше претставено пред гостварската публика. Во уметничката галерија „Култ“ во Гостивар љубителите на пишаниот збор имаа можност да се запознаат со авторот и неговото последено книжевно дело. Збирката неодамна излезе од печат како издание на ПНВ Публикации.

Во делото се претставени ирационалните, инаетливите, пркосните, осамените, а највеќе маргинализираните, несфатените, неправедно осудените и озборуваните.

Дејан Крстески е добитник на повеќе литературни награди и признанија, меѓу кои наградата за една од најчитаните книги во 2017 година од страна на Македоника и УНЕСКО за книгата „Луѓе без лице“. Песната „Последната книга“ беше избрана за една од најуспешните творби по повод „Ден на читателот“ од страна на НУБ „Св. Климент Охридски“ – 2017.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 13:57