Во моментов најдобрата светска тенисерка Симона Халеп изјави дека по освојувањето на „Ролан Гарос“ се чувствува порелаксирано.

- По победата на „Ролан Гарос“, тензијата се спушти. Сега само уживам во играта и се обидувам да останам на високо ниво и да победам на секој натпревар. Долги години мојата цел беше првото место на рејтинг листата, но потоа имав нова мотивација - да победам на Гренд слем турнирот. Ако не сте освоиле барем еден гренд слем турнир, не сте навистина број еден, изјави Халеп.

26-годишната Романка оваа сезона освои три титули на ВТА трунирите, вклучувајќи го и првиот кога победи на Отворено првенство на Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 15:26