Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен начин се збогува од улогата во најпопуларната серија последните години „Игра на тронови“.
Кларк која го толкува ликот „Мајка на змејовите“ (Денерис Таргеријан) на зглобот од раката истетовира три мали змејови. Тие се „нејзините деца“ од серијата Дрогон, Регал и Висерион.
- Ова мајка никогаш нема да ги заборави своите бебиња, напиша Кларк на Инстаграм.
Тоа не е првпат актерката да се опростува од улогата која ја прослави. Таа истот го направи и пред три месеци.
- Благодарам за можноста за која не ни можев да сонувам дека ќе ја добијам, напиша тогаш Кларк.
Последната, осма сезона од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019 година, но се уште не е познат точниот датум.