Бошко Стаменковски, единствениот спортист кој ја претставуваше Македонија на Светското првенство во Power lifting кое се одржа во унгарски Егер освои сребрен медал во дисциплината бенч-прес до 75 килограми.

Тоа е уште еден медал во низата кои спортистот од Македонска Каменица ги има освоено на големите натпреварувања.

Задоволен од постигнатиот успех поранешниот светски првак им се заблагодари на сите кои придонесоа за неговиот успешен настап во Егер.

- Настапив во категорија за натпреварувачи до 75 килограми и притоа имав подигнато 135 килограми. Златото беше на дофат, но и ова е голем успех за мене. По неколкуте златни медали кои ги имам освоено во минатото колекцијата ќе ја збогатам со сребро што кај мене предизвикува некое посебно чувство. Им се заблагодарувам на моите поддржувачи од кои дел беа присутни во салата и ме бодреа во овој мој поход кон нов медал, истакна Стаменковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2018 12:48