Американските медиуми пренесуваат дека пораките и повиците почнале да и пристугнуваат на 26 годишната девојка веднаш после дебатата на претседателските кандидати, од кога нејзиниот број го објавила кабловската телевизија Си – Спен кога преку телоп ги повикала гледачите да се вклучат во дебатата и да ги коментираат настапите на кандидатите.

Портпаролот на телевизијата Си – Спен, Хабард Мортмен веднаш после објавата во медиумите за овој настан изјави дека е направена ненамерна техничка грешка и дека веќе и се извиниле на Трип Дијаз. Дебатата помеѓу Трамп и Клинтон е најгледана во историјата на телевизиските дебати а ја прателе повеќе од 84 милиони гледачи.


Заради грешка на телевизијата примила над 600 повици и 13.000 смс пораки

Дијаз за целата ситуација истакна дека одлучила на кого ќе го даде својот глас па коментарите кои ги добивала на телефон, воопшто не влијаат на нејзината одлука туку само “ја полудуваат“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 02:43