Првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија денеска се одржа во Струмица. На трката учествуваа 24 возачи од Скопје, Велес и Струмица.

Тие се натреваруваа во четири категории - по две за сериски автомобили со зафатнина на моторот до и над 1.600 кубни сантиметри и тркачки автомобили со истата зафатнина. Учесниците имаа по две возења со три круга на патеката во должина од 1.000 метри.

Во категоријата на сериски автомобили со зафатнина на моторот од 1.600 кубни сантиметри најбрз беше Христиан Давитковски, а во категоријата над 1.600 кубни сантиметри првото место го освои Александар Ангеловски.

Кај спортските автомобили со зафатнина на моторот до 1.600 кубни сантиметри најбрза беше Маја Милошевска, а над оваа кубикажа Миле Тодоров.

Авто слалом трката ја организираше АКК „Примо авј“ од Скопје, а под контрола на стручна комисија на АФМ.

Трката се возеше на некогашниот полигон за полагање возачки испит во Струмица.

На најдобрите возачи признанијата и наградите им беа врачени на свеченост што се организираше на плоштадот во Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2018 16:33