Квалификациските возење во трките од Шампионатот во Формула 1 следната година можат да претрпат измени и на сегашните три сегменти може да биде додаден уште еден.

Како што пишува „Авто Мотор унд Спорт“ со новиот формат по четворица пилоти ќе бидат елиминирани во секој од првите три сегменти, а во четвртиот сегмент осумте преостанати ќе се борат за пол-позицијата и за местата по неа.

Ова треба да додаде напнатост во квалификациските возења.

Сегашниот систем содржи три сегменти. По првите два отпаѓаат по пет пилоти, а во третиот се натпреваруваат останатите десет.

Последен пат форматот на квалификациите се промени во 2016 година, но тоа предизвика конфузија и критика, па по две етапи промените беа откажани.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 00:31