Американската амбасадорка во Обединети нации, Ники Хејли го осуди вчерашниот напад врз воената парада во Иран, при што загинаа 29 луѓе, а над 50 беа повредени.
Таа додаде и дека иранскиот претседател Хасан Рохани причината за проблемите треба да ја бара во земјата, а не да ги обвинува САД за поттикнување на такви акции
- САД го осудуваат секој терористички напад каде било, точка, посочи Хејли.
Техеран за нападот во Ахваз ги обвини арапските сепаратисти како и една „мала“ држава од Персиски Залив.
- САД ги поддржуваат сите мали платенички земји кои ги гледаме во регионот. Нив ги охрабруваат Американците, изјави Рохани пред поаѓањето за Њујорк, каде присуствува на седница на Генералното собрание на ОН.
Хејли на таквите обвинувања возврати дека Рохани треба да гледа што му се случува дома, каде Иранците протестираат, дека сите пари кои пристигнуваат во Иран се за војската која го угнетува народот.
- Мислам дека на Иранците им е доста и оти се од тоа доаѓа, истакна Хејли.