Екипата на Црвена ѕвезда е победник на годинашното издание од Суперкупот во регионалната кошаркарска АБА лига.
„Црвено-белите“ синоќа во финалето ја совлада Будуќност со 89:75. Победникот беше решен уште по првите две четвртини кога белграѓани постигнаа 28 и 29, а примија по 16 поени. Актуелниот шампион Будуќност немаше сили во второто полувреме да ја надомести негативата од 25 поени.
За МВП на Суперкупот е прогласен Мухамед Фаје од победничкиот тим.
Новото првенство во АБА лигата почнува на 28 септември.