Од денеска стапуваат во сила новите царини во вредност од 60 милијарди долари кои Кина ги воведе за увозни стоки од САД.

Царините од пет до 10 отсто опфаќаат вкупно 5.207 американски производи.

Мерката е одговор на новите увозни давачки од 10 отсто за кинеска стока, вкупно 200 милијарди долари, кои американската администрација ги објави минатата недела. Овие царини постепено ќе достигнат 25 проценти до крајот на годината. Американските царини исто така денеска стапуваат во сила.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 10:34