Иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алави денеска информираше дека е уапсена поголема мрежа осомничени соучесници во нападот врз војници на Револуцоинерната гарда во градот Ахваз.
- Ќе ги идентификуваме сите терористи поврзани со овој напад. Голем дел од мрежата веќе е уапсен, изјави Алави.
Најмалку 29 лица беа убиени, а над 70 ранети во нападот извршен од четворица напаѓачи, кои скриле оружје во близина на булеварот по кој се одржи парадата. Терористите стрелале врз војниците и врз граѓаните собрани да го одбележат почетокот на Иранско-ирачката војна, а меѓу убиените има и жени и деца. Сите напаѓачи биле убиени, но се трага по нивните соработници.
Одговорност преземаа повеќе сунитски арапски исламистички групи, меѓу кои и Исламската Држава, а Иран ги обвини САД и Израел за вмешаност. Се работи за западна област богата со нафта во која има арапско малцинство.