Во Торино денеска е извршена ждрепката за „Фајнал сикс“ фазата на Светското првенство во одбојка што се одржува во Италија и во Бугарија.

Во групата Ј ќе играат Србија, Полска и Италија.

И-групата ја сочинуваат: Русија, Бразил и САД.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат двете најдобри од двете групи.

Третата фаза на одбојкарскиот Мундијал почнува в среда. Бранител на шампионскиот трофеј е Полска.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 12:40