Американскиот кабелски оператор „Комкаст“ понуди највисока цена на аукцијата за телевизиската куќа „Скај", со што го победи „Фокс“ во директната аукција, организирана од Британскиот одбор за преземање и обединување.
Понудата на „Комкаст“ изнесуваше 17,28 фунти по акција, со што вредноста на „Скај“ достигна повеќе од 30 милијарди фунти, додека „Фокс“ за истиот пакет понуди 15,67 фунти.
Претседателот и извршен директор на „Комкаст“, Брајан Робертс рече дека тоа е „голем ден за „Комкаст“.
Околу 23 милиони претплатници и фудбалските права за Премиер Лигата ја прават „Скај“ една од најпрофитабилните телевизиски компании во Европа.