Слаб земјотрес со јачина од 2,8 степени по Рихтеровата скала беше почуствуван денеска во источниот дел на Северна Кореја, соопшти јужнокорејската метеоролошка агенција.

Потресот е регистриран рано изутрина, на 30 километри североисточно од округот Синхунг и се верува дека во прашање е природен земјотрес, јаво Јонхап.

Во текот на изминатите години во Северна Кореја беа регистрирани мали земјотреси како последица на нуклеарните проби.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 14:45