Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е време коалициската Влада да престане да влегува во внатрешни спорови и наместо тоа да се зафати со решавање на „проблемите на луѓето“.

- Бев премногу фокусирана на функционалноста и процесите во Министерството за внатрешни работи, а недоволно на работите за кои луѓето се загрижени, изјави Меркел. - Сега е важно да ги решиме проблемите на луѓето, додаде таа.

Изјавата на Меркел следи откако лидерите на партии во владината коалиција го решија прашањето за иднината на шефот на германската внатрешна разузнавачка служба.

По неколкудневниот спор, кој се закануваше да доведе до распад на коалицијата на Меркел, лидерите на владејачките партии се согласија да не го отвораат скандалот во кој е вмешан досегашниот директор на разузнувачката служба. Ханс-Георг Масен.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зихофер изјави дека Масен ќе биде именуван за специјален советник во Министерството за внатрешни работи, без зголемување на неговата плата.

Минатата недела партиите од владината коалиција се договорија Масен ќе биде разрешен од функцијата раководител на Федералната служба за заштита на уставноста, откако беше обвинет дека поддржува екстремнодесничарски ставови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 14:48