Во рамки на воената вежба „Albanian Lion 2018” која се спроведува во неколку делови на Албанија, 1.200 припадници на албанската,британската и хрватската армија,како и на Безбедносните сили на Косово, денеска на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана демонстрираа физичка подготвеност и воена опрема.

На настанот присуствуваа министерката за одбрана Олта Џачка, заменик министерот Петро Кочи, Началникот на ГШ на албанската армија Бардул Колчаку, пратеници, амбасадори, команданти на воените сили учеснички на вежбата,како и воени аташеа.

- Овие заеднички воени вежби потврдуваат дека албанската армија е неразделен дел од сојузниците на НАТО.Во исто време тоа е потврда за одлуката за изградба на воздухопловната база на НАТО во Кучово,која е единствена ваква база во западен Балкан. Овие заеднички воени маневри ги демонстрираат напорите за подигање на степенот на професионализам, способност и кохезијата меѓу нашите вооружени сили, во соочувањето со заедничките предизвици и подигнување на безбедноста и квалитетот на живот на нашите граѓани, -рече албанската министерка Џачка.

Според генерал мајор Charles Stickland, командант на морнарицата на Велика Британија, оваа воена вежба е можност за оценување на воената подготвеност на земјите членки на НАТО за 2019 година,како и можност за придонес на британските маринци во тој птравец.

Инаку, министерката Џачка го нагласи фактот што за првпат на вежбата „Albanian Lion 2018”учествувале и припадници на Безбедносните сили на Косово и најави дека следната година бројот на учесниците ќе се зголеми за петпати



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2018 20:32