Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емотивна празнина, и се чувствуваат ранливи, тажни, незадоволни и раздразливи, посочува научно истражување на Aвстралискиот колеџ за применета психологија, кое опфатило над 1.200 испитаници од Германија, Русија, Австралија, Нов Зеланд и САД.
Оваа состојба се нарекува „посткоитална дисфорија", и вообичаено се јавува кај жените, истакнува проф. Роберт Швајцер.
Заклучоците од истражувањето говорат дека за голем дел од мажите, половиот акт е многу посложено емоционално доживување.