Заменик-шефот на парламентарната група на опозицискиот Сојуз за Србија, Никола Јовановиќ на денешната седница на Градското Собрание на Белград побара да се разговара за поништување на одлуката за продажба на Земјоделската корпорација на Белград (ПКБ) на државата, која потоа го продаде ПКБ по багателна цена и на наместен тендер.

Јовановиќ истакна дека Сојузот за Србија категорично се против на продажбата на ПКБ.

Тој додаде дека „не е нормално“ Собранието да не одвои време и да не се дискутира за судбината на речиси целиот левиот брег на реката Дунав во Белград, околу 20.000 хектари на стратешки важна земја.

- Која е таа локална власт во светот која се откажува без причина и без надомест на имот во вредност од стотици милиони евра. Дури и со оваа наместена зделка и по багателна цена, оштетени се сите наши сограѓани за 57 градинки и 16 училишта, или 30 години доделување на бесплатни учебници за сите наши ученици во основното образование, истакна Јовановиќ.

Тој истакна и дека ПКБ била проценета на 526 милиони евра, а беше продадена за 105 евра. Фирмата имаше долг во висина од 80 милиони евра.

Јовановиќ праша каде „исчезнаа 341 евра“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 14:16