Околу 88 отсто од граѓаните во четири општини во северниот дел на Косово, каде што живее мнозинското српско население, не веруваат на ниту еден српски политичар во Косово. Околу 99 отсто не веруваат на ниту еден албански политичар во земјата, објави РСЕ.

Тоа се резултатите од истражувањето на јавното мислење на невладината организација Актив од Северна Митровица, кои во втората половина на јуни оваа година анкетираа 800 испитаници од Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.

Резултатите од истражувањето минатата година покажаа недостатокот на доверба меѓу граѓаните во српските политичари од 78 отсто.

Од Актив, велат дека резултатите од истражувањето недвосмислено укажуваат на „криза на доверба" во општеството во северно Косово.

Претставниците на српската заедница во институциите на Косово доаѓаат главно од Српска листа. Тоа е, всушност, единствениот политички ентитет што Белград го поддржа на косовските избори по постигнувањето на Бриселскиот договор во 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 16:14