Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, исто толку фаталната ливерпулчанка Џоди Камер се претвори во вистинска модна икона, коментираат критичари за „Дејли Меил“.
Камер во серијата ја глуми Виланел - професионален убиец по кој трага британското МИ5. Серијата е заснована на неодамнешната серија романи „Шифра: Виланел“ на Лук Џенингс.
Камер е се уште млада, надежна британска глумица, но оваа улога ширум и ги отвора вратите на Холивуд, сметаат критичарите.