Училиштето за театар „Театар за сите“ - тримесечен курс по театар (актерство, режија и драматургија) за млади и возрасни ќе ги почне часовите од 1 октомври.
- Програмата е единствената можност во градот за меѓугенерациско учење и дружење преку театар. „Театар за сите“ е обид да им се доближи театарската уметност на оние кои отсекогаш сакале и/или сѐ уште сакаат да ја пробаат изведбеноста, не само како изразно средство, туку и како можност за спознавање на себеси и другите, како простор за личен развој и наградување и платформа за запознавање и вмрежување со луѓе, соопшти „Театар за сите“.
Училиштето, кое се наоѓа на ул. „50 Дивизија“ бр.22, постои две години и програмата досега ја посетиле повеќе од 70 учесници. Повеќе информации има на неговата фејсбук-страница.