Пиењето чај е поврзано со намалување на ризикот од влошување на умствените способности кај повозрасните луѓе, па и кај оние кои имаат генетски предиспозиции за Алцхајмерова болест, се наведува во ново истражување објавено на „Сај-Блог“.

Само една чаша црн, зелен или каков било чај на ден кај лицата со над 55 години, го намалува когнитивното влошување за 50 отсто. Важно е само чајот да биде сварен од листовите, истакнуваат стручните лица.

- Нашите испитувања даваат значајни сознанија за превенција од деменцијата. Дури и најсовремените медикаменти за неврокогнитивни заболувања како деменцијата, не го даваат саканиот резултат, а и сегашните превантивни стратегии за нејзино спречување се далеку од задоволителни, смета д-р Фенг Ли од Кина.

Истражувањето опфатило 957 кинески државјани, кои биле следени во период од две години.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 17:03