Италијанската актерска ѕвезда Клаудија Кардинале и нејзината екипа го посетија Охрид.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ како нејзини домаќини информираат дека Кардинале била воодушевена од охридските бисери, природата и охридските цркви.

-Јавно се заблагодаруваме на НУ Завод и музеј-Охрид и на директорката Елеонора Новаковска за тоа што овозможи на светски познатата филмска дива Клаудија Кардинале и високите гости на фестивалот да се запознаат со културното богатство на Македонија, и ги видат вредните експонати на културното богатство на Македонија, се посочува во соопштението од секторот за односи со јавност на ИФФК „Браќа Манаки“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 17:13