Епл го одржа своето ветување и официјално ја претстави финалната верзија на MacOS Mojave 10.14. Новата платформа нуди голем број подобрувања и сега е достапна за преземање од страна на корисниците. Првата јавна демонстрација на macOS Mojave беше направена за време на WWDC 2018 конференцијата во јуни. Програмерите досега спровеле успешни тестови со 11 бета верзии и ги отстраниле сите проблеми од финалниот производ, кој веќе е достапен за компатибилните уреди. Најинтересно подобрување несомнено е ноќниот режим кој го преобразува интерфејсот, отворените прозорци и менијата во црна и сива боја. Корисниците можат да користат Dark Mode во macOS 10.14 и во прилог на Dynamic Desktop функцијата, која автоматски го менува почетниот екран, во зависност кој дел од денот е (наутро, попладне или навечер). На овој начин можете да ги користите оптимално компјутерите без да ги оптоварувате очите, без разлика какви се условите на околината. Новата платформа, исто така, нуди пристап до неколку апликации за IOS кои се модифицирани специјално за macOS, вклучувајќи ги и Аpple News, Stocks, Voice Memos и Home. Главниот фокус за MacOS Mojave е безбедноста, и се додадени различни опции за блокирање на пристапот до камерата и микрофонот. Ако треба да комуницирате често, треба да знаете дека сега можете да започнете групни повици во FaceTime со до 32 луѓе, што исто така е доста корисно.