Во хотелот Хилтон во Белград попладнево, околу 18 часот, се огласија пожарните аларми, по што следуваше евакуација.

Очевидци велат дека не се забележува чад, но гостите и персоналот се евакуирани од хотелот. Од противпожарната служба соопштија дека чад имало во гаражата, каде се наоѓа трафостаницата.

Пред зградата се наоѓаат две противпожарни возила.

- Се се случило во гаражниот дел на хотелот, а во моментот кога поќна да се појавува чад, гостите кои се наоѓале на тоа место почнале да излегуваат надвор. Тогаш вработените не повикаа нас, бидејќи се плашеа дека ќе избие пожар, но за среќа се заврши добро, изјави претставник на противпожарната служба за српски „Телеграф“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 20:37