Сите гости се безбедни и хотелот продолжува непречено да работи, соопшти вечерва управата на белградскиот хотел Хилтон по пожар поради кој беше евакуирана зградата попладнево.

Во соопштението се прецизира дека мал пожар избил во трафостаницата во гаражата, поради што биле евакуирани гостите од хотелот.

Во хотелот беа активирани пожарните аларми околу 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 21:07