Чешкиот тенисер Томаш Бердих откри дека изминатиот период размислувал да ја прекине својата кариера. Тој оваа сезона се соочува со повреди и подолго отсуство од терените.
- Повредата на грбот е последица од проблемите со колкот од пред неколку години. Тогаш ги оптоварував другите делови на телото. Минав низ тежок период, размислував дури и за повлекување од тенисот. Сепак, одлучив дека пензионирање со 33 години ќе значи залудно вложен труд во целата досегашна кариера, изјави Бердих.
33-годишниот Чех највисоко на АТП ранг листата стигна до четвртата позиција и сега сака повторно да напредува.
- Ќе се обидам добро да се подготвам и да размислувам само за моите ривали. Можам да направам прогрес со труд и малку среќа.
Бердих зад себе има 13 АТП трофеи и едно Грен слем финале, во Вимблдон 2010 година.