На Пељешац во текот на ноќта е запрено ширењето на пожарот и моментално нема големи отворени огнови кај местото Оребиќ, но пожарот е далеку од изгасен.
Ова го соопшти Дубровачко - Неретванската жупанија, додавајќи дека пожарникарите цела ноќ ја држеле линијата на одбрана долга три километри од Поступ до Глабалово, а нивната работа ја отежнувал силниот ветер.
Меторолозите за денеска најавуваат умерена до силна бура, наместа со силни ветрови кои постепено ќе слабеат.
Шефот на противпожарната служба на Дубровачка - Неретванската жупанија Стјепо Симовиќ рече дека ситуацијата е подобра но оти пожарникарите се уште ќе останат на терен.
- Мораме добро да внимаваме, на неколку места има помалку пламени кои ветерот лесно ги разгорува. Пожарот се уште е далеку од изгаснат, рече Симовиќ.
На терен има повеќе стотици пожарникари од сите делови на Хрватска како и припадници на хрватската армија и други служби за интервенција.
Утрово се очекува да пристигнат и канадери.
Пожарот на Пељешац вчера зафати и четири куќи во Станковиќи, на подрачјето на Оревиќ.