Србија воведе засилени контроли на граничните премини поради појавата на случаи на така наречени „мајмунски сипаници“ во земји во Западна Европа, јави Танјуг.

- Го контролираме авионите што доаѓаат од загрозените подрачја. Засега се работи за патници од Нигерија, а ако биде потребно и од соседните земји, изјави Зоран Панајотовиќ од српското Министерство за здравство.

Сите лица што патувале во Нигерија или можеле да бидат во контакт со заболени се проверуваат и нивните резултати се разгледуваат во Институтот за јавно здравје на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 11:23