Македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром утре против словенечки Хелиос стартува со настапите во АБА 2 лигата.

„Сино-белите“ во поразличен состав за разликата од минатите сезони ќе атакуваат на трофеиоте во домашното првенство и на обид да се обезбеди враќање во АБА 1 лигата. Во тимот се приклучени неколку помлади играчи за кои тренерот Ѓорѓи Кочов рече дека ќе добијат можност да се надградуваат.

- МЗТ презема ризик да вади играчи и да брка резултат. Младите играчи што ги имаме, се надевам дека ќе ги подигнеме на едно ниво. Можеби нема да бидат за АБА-лига, туку за македонската лига. Знаеме дека кошарката во изминатите години ни е стерилна, дека немаме извадено играчи, но ќе се бориме за тоа, рече Кочов на денешната прес-конференција.

Презадволен сум екипата и од фактот што го задржавме костурот во однос на минатата сезона. Додадовме четири странски засилувања, кои пред да ги донесеме најважно нешто што ми беше мене како тренер беше нивниот карактер. Функционираме добро, имаме услови не за АБА-лига, туку за Евролига. Кај народот се смета дека АБА2 е слаба. Меѓутоа, начинот на кој клубовите играат кошарка не е потценувачки. Не чека тешка битка на два фронта, но имаме ростер за тоа, дополни предводникот на клубот од Аеродром.

Еден од четворицата странски играчи кои ја добија довербата на стручниот штаб и раководството на клубот е Хрватот Иве Иванов.

- МЗТ е голем клуб и среќен сум што сум тука. Доаѓам од хрватската лига, но нема голема разлика со Македонија, Освен Цедевита која има силен буџет, другите екипи во АБА лигата се тука некаде. Без разлика што ќе играме во АБА 2 лигата нема да биде воопшто лесно. Не чека тешка борба со добри и квалитетни екипи, вели Иванов.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Хелиос се игра утре од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 15:13