Тренерот на Олимпијакос, Дејвид Блат е убеден дека Лука Дончиќ заслужувал да биде избран под бр.1 во овогодинешниот Драфт на НБА. - Најголемиот пропуст на Драфтот. Според мое мислење. Тој мораше да биде бр.1. Тоа е она што јас го мислам. Во многу случаи, сепак, тимовите се фокусираат на потенцијалот или позицијата. Но од гледна точка на кој е најподготвен за НБА во целиот Драфт ... Немаше подобар играч од Лука. Без сомнение, смета Блат. Израелскиот тренер, кој е роден во Бостон, ја познава совршено играта на словенечката сензација, бидејќи го гледал и се соочувал против него во Евролигата. Неговото искуство во американската кошарка е исто така солидно, откако тој поминува сезона и половина во Кливленд, каде што работеше со Леброн Џејмс. Тој додаде дека Словенецот е неверојатен талент и дека ќе има одлична кариера во НБА.