Квалком (Qualcomm) излезе со многу тешки обвиненија против Епл. Според правниците на Квалком, компанијата од Купертино користела пристап до доверливи информации за начините за оптимизирање на перформансите на чиповите и ја споделиле со нивни конкуренти, како Интел. Новото дело е дел од судската битка меѓу Квалком и Епл, која трае веќе некое време и која доведе до трајно влошување на односите меѓу компаниите. Конфликтот избувна околу неподготвеноста на Епл да плаќа лиценцни такси, кои според менаџментот во Купертино се екстремно високи. Новото дело е покренато во Сан Диего и според главниот адвокат на Квалком, Доналд Розенберг тоа е самостоен спор кој нема допирни точки со другите дела меѓу двете компании.