Градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ најави дека ќе ја поддржи иницијативата за иградба на споменик на Јосип Броз Тито во главниот град на Црна Гора, чие име (Титоград) градот го носеше 47 години.

Иван Вуковиќ денеска се состана со претставници на Здружението на борци на НОБ и антифашистичка Подгорица, на кои им искажа благодарност за зачувување и ширење на идејата за антифашизам, како темела вредност на црногорското општество.

Тој истакна дека без тоа нема да ја имало ниту денешната модерна, граѓанска и мултиетничка Црна Гора.

Градоначалникот на Подгорица рече дека е горд што здружението на борците од НОБ и антифашистите негуваат таква традиција и што биле на вистинскиот пат во најтешките времиња.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 20:36