Грчката агенција за независни приходи, пресметала дека грчката влада од неплатените даноци на домаќинства и компании може да собере 182,5 милијарди евра, а тоа е половина од јавниот долг на Грција. Агенцијата ги достави тие информации до Парламентот.

Над 80 милијарди долари од таа сума се камати и парични казни за задоцнети плаќања на должниците, вклучувајќи и компании кои одамна не работат.

Грчкиот БДП се проценува на 184,7 милијарди евра оваа година. Државниот долг е 180 отсто од БДП.

Грција во неколку наврати ги зголеми даноците за време на меѓународните програми за спасување меѓу 2010 и август 2018 година. Околу 3,7 милиони Грци, или 60 отсто од населението, заостанува во исплатата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 22:54