По барање на селекторот Симе Симовски, македонската женска ракометна репрезентација првиот контролен натпревар против Италија закажан за попладнево со почеток во 16:30 часот ќе биде од затворен карактер, соопшти РФМ.

Вториот контролен натпревар утре со почеток во 16:00 часот е од отворен тип и влезот е слободен.

Двете средби ќе се играат во сала „Автокоманда“ во Скопје.

Натпреварите се дел од Европската недела на спортот и „BE ACTIVE“ кампањата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2018 14:26