Пожар денеска избувна во облакодер во изградба на Народната банка на Кувајт.

Околу 2.500 работници избегаа од зградата во пламен во главниот град Кувајт.

Банката го опиша пожарот како „делумен" и рече дека пожарникарите изгаснале 90 отсто од огнот.

Засега не се знае причина за пожарот.

Предвидено е зградата на Народната банка на Кувајт да има 62 катови и да биде висока околу 300 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2018 14:49